• Горан Упале
Maкедонскиот фудбалски шампион, Струга Трим Љум, е единствениот кој што остана на европска сцена од нашите претставници. По елиминацијата во квалификациите во Лигата на шампионите, стружани се преселија во Конференциската лига, во која во второто коло за противник го имаат тимот на Пјуник.
Пред момците на Ќатип Османи е реванш средбата во Ереван, откако во првиот натпревар во Охрид славеа си минимални 2-1. Стружани веќе се на ерменско тло и тренираа во Ереван, каде беа „пречекани“ со дожд, а потоа огреа и сонце.
Во првиот натпревар нашиот шампион славеше благодарение на спектакуларниот гол на летното засилување Стефан Спировски, кој погоди во свој стил, од голема далечина.
Реванш натпреварот е закажан во вторник, со почеток од 18:00 часот.