Довидување, Докса: Дамјан Шишковски заминува од Кипар

Македонскиот репрезентативен голман, Дамјан Шишковски, официјално на својот фејсбук профил објави дека ја прекинува соработката со неговиот досегашен клуб, кипарската Докса. 

Чуварот на мрежата беше дел од тимот три ипол години, а сега е време за нова етапа во неговата кариера. Шишковски се заблагодари на управата и навививачите на Докса и изрази голема почит за клубот, велејќи дека тука созреал многу како играч и овој клуб засекогаш ќе остане во неговото срце. 

Дамјан Шишковски пристигна во Докса од редовите на Работнички, а претходно во кариерата настапуваше уште за белгискиот Гент, како и за финските Ропс и Лахти. За македонската репрезентација досега има вкупно девет настапи. Во дресот на Доска настапи на 112 натпревари во сите конкуренции.