• Саше Љолес
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина им приреди големо разочарување на своите навивачи во полуфиналниот бараж за пласман на Европското првенство и во самиот финиш загуби од Украина со 1-2 (0-0).
- Босна и Херцеговина - Украина 1-2:
Избраниците на селекторот Саво Милошевиќ имаа водство од 1-0 по автоголот на Матвиенко во 57. минута, но Украинците успеаја во финишот да дојдат до пресврт со триминутен „блицкриг“, а автори на триумфот беа Роман Јаремчук и Артeм Довбик, кои стрелаа во 85. и 88. минута од натпреварот.
Украина не покажа преголем квалитет, но искуството беше на нивната страна и на крајот успеа да слави огромен и важен триумф. Противник на Украина во финалето за пласман на Европското првенство ќе ѝ биде репрезентацијата на Исланд, која со пресврт славеше со огромни 1-4 на неутрален терен против селекцијата на Израел.
- Полска - Естонија 5-1:
На останатите полуфинални бараж-натпревари во истиот термин, Грција без никакви проблеми убедливо го совлада Казахстан со 5-0 и закажа финале со селекцијата на Грузија, Полска лесно ја преслуша Естонија со 5-1 и ќе се соочи во Велс, кој славеше со 4-1 над репрезентацијата на Финска.