• Саше Љолес
Стадионот „Сан Сиро“ не ги исполнува потребните услови за домаќинство на Евро 2032, и покрај тоа што Милано е идеален град во однос на барањата на УЕФА во однос на транспортот, сместувачките капацитети и слично.
Ова беше заклучено на состанокот меѓу повеќе чинители, меѓу кои беа претставници на Милан и Интер, како и градоначалникот на Милано, Џузепе Сала.
Ова беше еден од единаесетте закажани состаноци за да се направи преглед на состојбата на стадионите пред конечната одлука за двете држави што ќе бидат домаќини на турнирот во летото 2032 година (Италија и Турција)
Најдоцна до октомври, ФИГЦ ќе треба да го соопшти изборот до УЕФА, а градежните работи треба да започнат најдоцна до март 2027 година.