Достаниќ брзо пронајде работа, ќе води клуб од Црна Гора

Ратко Достаниќ брзо пронајде работа, откако се раздели со Работнички и мак-фудбалот. Искусниот Србин има долга тренерска кариера, водеше клубови од Србија, Македонија, Грција, Бугарија, Кина, а сега за првпат ќе работи и во Црна Гора.

Поранешниот главен тренер на Работнички ќе ја води Зета од Голубовце во пролетниот дел од сезоната. Зета бараше тренер по разделбата со Дејан Рогановиќ и изборот падна на Достаниќ.

Првиот шампион на Црна Гора (2007 година) го заврши есенскиот дел од шампионатот на петтото место и Достаниќ ќе има задача да го продолжи европскиот тренд на Зета, која сезонава играше во квалификациите за Лигата на Европа во последните две сезони.

Најуспешната сезона во кариерата на новиот тренер на Зета беше 2009/10, кога со Црвена звезда го освои Купот на Србија.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.