Дост испрати порака од болница: Добар сум, помошта што ја добив на терен беше фантастична

Дуелот меѓу АЗ Алкмар и НЕЦ Најмеген беше прекинат во 87. минута, откако на теренот колабираше играчот на гостите Бас Дост.

Гостите со гол и асистенција токму на Дост имаа водство од 1-2, а бидејќи натпреварот нема да продолжи, АЗ Алкмар го претрпе првиот пораз. Сепак, сето тоа остана во сенка на она што се случи на теренот кога Дост падна на тревникот.

Она што во првиот момент се знаеше е дека Дост во свесна состојба на носилки бил изнесен од теренот, откако му била укажана прва помош. Нема информации дали лекарите го користеле дефибрилаторот што го донеле на терен.

Неколку часа подоцна, Дост испрати порака од болницата:

„Добро сум. Помошта што ја добив на теренот беше фантастична. Во болница сум и се чувствувам добро. Ви благодарам на сите за поддршката“, изјави Дост.

Секако, пред него се многу испитувања и можеби и натаму не е во безбедна состојба. Убав гест имаше и од домашната публика, бидејќи целиот стадион му аплаудираше.