Досегашниот тренер на Тулуз презема славен германски бундеслигаш

Шпанецот Карлес Мартинез Новељ е назначен за нов тренер на Баер Леверкузен, соопшти управата на германскиот бундеслигаш. 

42-годишниот стратег три сезони беше тренер на францускиот Тулуз, а сега добива прв посериозен предизвик и ќе се обиде да ги подобри резултатите на „фармацевтите“, кои минатата сезона завршија на шестото место на табелата. 

Новељ ќе започне со работа на први јули и ќе го наследи Данецот Каспер Хјулманд, кој беше тренер на првиот тим од септември минатата година. Договорот е со важност до 30 јуни, 2028 година. 

Баер Леверкузен се избори за пласман во Лига Европа - второто најквалитетно натпреварување на УЕФА.