Досега се познати 16 од 32 учесници во групната фаза од Лигата на шампионите

Во групната фаза од Лигата на шампионите следната сезона ќе се натпреваруваат 32 екипи, а веќе се познати 16 учесници, додека останатите 16 се очекуваат во следните неколку недели.

Бидејќи големата реформа во Лигата на шампионите ќе стапи на сила од 2024 година, следната сезона ќе биде последна во овој формат со 32 екипи во групната фаза. Премиер лигата, Примера, Серија А и Бундеслигата ќе дадат по четири клуба, а по две екипи ќе има од Франција и Португалија. Дополнително, со пласман во групната фаза ќе бидат наградени и шампионите на Холандија, Австрија, Шкотска и Србија.

Од преостанатите осум билети, шест ќе бидат доделени преку квалификациите. Дополнително, во Лигата на шампионите влегува и освојувачот на Лига Европа и тоа во првиот шешир од ждрепката - исто како и шампионите на најдобрите нации.

Ако победниците во Лигата на шампионите веќе се квалификуваат преку лигата - како што е случајот со Манчестер Сити, а можеби и со Интер – корист од тоа ќе има единаесетттата најдобра лига на ранг-листата на УЕФА - оваа година тоа е Украина, а таму сè уште е отворено и три екипи се борат за титулата.

Доколку победниците на Лига Европа се веќе во Лигата на шампионите, Франција, која е петта на ранг-листата на УЕФА, добива фиксно трето место. Тоа е речиси невозможно во овогодинешното финале во Лига Европа со дуелот помеѓу Рома и Севиља. Италија или Шпанија имаат поголема веројатност да го добијат петтото место  Во Италија Лацио најверојатно веќе е во групната фаза, а блиску се Интер и Милан, иако треба да се одиграат уште две кола.

Во Бундеслигата, Унион Берлин го држи четвртото место со ист број бодови како Фрајбург (59). Берлинскиот клуб во последното коло го пречекуваат Вердер и со победа ќе се пласираат во Лигата на шампионите, додека Фрајбург има тешко гостување во Франкфурт.

Во Англија, заедно со Сити, Арсенал и Њукасл, најверојатно во Лигата на шампионите ќе игра и Манчестер Јунајтед, додека во Шпанија Реал Сосиедад е најблиску до приклучување кон Барса, Атлетико и Реал, бидејќи има +5 над петтопласираниот Виљареал на три кола до крајот. Во Франција Ленс засега е најблиску бидејќи има +5 во однос на Олимпик Марсеј на две кола до крајот.

Актуелниот шампион на Македонија, Струга Трим Љум ќе игра во првото прелиминарно коло од Лигата на шампионите, a поради слабиот коефициент ќе биде неносител во ждрепката.