Досега невидено нешто: Стана селектор на трета земја во иста година!

Францускиот стратег Ерве Ренар влезе во фудбалската историја со несекојдневен рекорд. Искусниот 57-годишен тренер стана првиот селектор кој во текот на една календарска година предводел три различни национални репрезентации.

По разделбата со Саудиска Арабија и краткиот 19-дневен престој на клупата на Тунис, Ренар доби нов ангажман и официјално е назначен за селектор на Брегот на Слоновата Коска.

За оваа репрезентација тој не е непознато име. Ренар веќе ја водеше селекцијата до титулата на Африканскиот куп на нации во 2015 година, па неговото враќање беше поздравено со големи очекувања од тамошната јавност. На функцијата го наследува Емерс Фае, кому договорот му истече на 31 јули.

Иако беше еден од најзаслужните што Саудиска Арабија обезбеди пласман на Светското првенство, Французинот доби отказ непосредно пред Мундијалот. Набргу потоа седна на клупата на Тунис, но таму се задржа помалку од три недели, пред повторно да прифати нов предизвик.

Според достапните статистички податоци, ваков подвиг досега не му успеал на ниту еден селектор. Поради строгите ФИФА-календари, квалификациските циклуси и долгорочните договори со националните федерации, исклучително ретко се случува еден тренер да смени две, а уште помалку три репрезентации во текот на една година.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.