• Горан Упале
Во германската покраина Баден-Виртемберг изминативе неколку дена немилосрдно врне. Германската метеоролошка служба прогласи четвртина ниво на опасност, бидејќи покрај дождот, областа ја погоди и бурa придружени со град. Можни се одрони, а улиците се поплавени, како и стадионот на прволигашот Хофенхајм.
На социјалните мрежи е објавено видео од арената „Рајн Некар“, каде Хофенхајм ги игра натпреварите во Бундеслигата, чиј терен сега не е ни видлив поради огромната количина на вода.
Schwimmverein aus Hoffenheim pic.twitter.com/QY81kigKcB
— Kraichgau Krieger (@1899_robert) June 27, 2024
Арената „Рајн-Некар“ е отворена во 2009 година и може да прими повеќе од 30.000 гледачи. Хофенхајм минатата сезона заврши на седмото место во Бундеслигата. Подготвителните натпревари за новата сезона ќе започнат во средината на јули, додека Бундеслигата започнува на крајот на август.