• Горан Упале

Незадоволството на навивачите на Манчестер Јунајтед доби нова димензија, откако на трибините на „Олд Трафорд“ дојде и до физичка пресметка меѓу самите домашни фанови.
Протестите против актуелното раководство на клубот беа видливи уште од почетокот, со жолти и зелени балони на трибините, бои кои симболизираат отпор кон семејството Глејзер, сопствениците на клубот. Навивачите испраќаа и навредливи скандирања кон американското семејство, барајќи промени во управувањето со клубот.
Manchester United fans are fighting against each other in the stands. They are fed up! https://t.co/iQrEsYHPg3
— indykaila News (@indykaila) November 3, 2026
Сепак, ситуацијата дополнително ескалираше кога на трибините избувна тепачка меѓу навивачите на Манчестер Јунајтед. Така, вечерта на „Олд Трафорд“, покрај лошите резултати на теренот, беше одбележана и со сериозни инциденти меѓу домашните приврзаници.







