ВИДЕО: Здодевно реми во Менхенгладбах, Хамбургер убедлив против Мајнц

Екипите на Борусија Менхенгладбах и Фрајбург со непопуларно реми го затворија шестото коло од новата сезона во Бундеслигата (0-0).

  • Борусија Менхенгладбах - Фрајбург 0-0:

На тој начин тимот од Менхенгладбах сè уште ја сонува својата прва овосезонска победа, додека Фрајбург ја продолжи серијата без пораз, која сега трае четири кола. 

Во попладневната програма екипите на Хамбургер и Штутгарт беа сигурни на домашен терен. Повратникот во германската елита ја запиша втората победа во Бундеслигата, откако пред својата публика со убедливи 4-0 го совлада тимот на Мајнц 04. Локонга и Филипе во првото и Домпре и одново Филипе во вториот дел беа автори на победата на Хамбургер.

Штутгарт, пак, до трите бода стигна со само еден постигнат гол. Мрежата на Хајденхајм ја затресе Билал Ел Канус во 65. минута.