ВИДЕО: Досадно реми на Комо и Интер, финалистот ќе се решава во Милано

Комо и Интер одиграа без голови 0-0 во првиот полуфинален натпревар од Копа Италија, оставајќи ја одлуката за пласман во финалето да падне на реваншот во Милано.

На свој терен, Комо,  пријатното изненадување во оваа сезона од италијанскиот шампионат – уште еднаш покажа дека неслучајно се наоѓа меѓу најконкурентните тимови. Домаќините одиграа храбро и организирано, вршејќи постојан притисок врз фаворизираниот противник, но не успеаја да ги материјализираат создадените можности.

Интер настапи без својот најдобар стрелец Лаутаро Мартинез, кој не беше подготвен за настап, па гостите избраа претпазлива и тактички дисциплинирана игра. Фокусот беше ставен на одбраната и зачувување на сопствената мрежа, со цел дуелот целосно да се пренесе на реваншот на стадионот „Џузепе Меаца“.

  • Извештај од натпреварот:

Вториот натпревар, закажан за 21 април, ќе го даде патникот во финалето во Рим. Во другата полуфинална пресметка, силите ќе ги одмерат Лацио и Аталанта, кои својот прв натпревар ќе го одиграат в среда, на 4 март.