Досадно на „Енфилд“: Ливерпул и Вест Хем ќе играат реванш

Во тврд натпревар без многу шанси, екипите на Ливерпул и Вест Хем Јунајтед одиграа без голови, во рамките од третото коло од англискиот ФА Куп.

„Црвените“ го одиграа овој дуел без неколку стандардни играчи. Возбудувањата изостанаа во првите 45 минути, во кои ни една од екипите не наметна своја игра и не се закани конкретно кон противничкиот гол. Во второто полувреме, продолжија јаловите напади на домашните фудбалери, но напаѓачите немаа свој ден.

На крај, реми без голови, што значи дека овие две екипи повторно ќе се сретнат. Овој пат натпреварот ќе се игра на „Болајн Граунд“.