• Мартин Танасковски
Екипата на Борусија Дортмунд важеше за голем фаворит на мечот против Мајнц, но во првиот дел тотален шок за „милионерите“ приредија гостите и имаат предност од 0-2.
Дортмунд игра за титула, а со победа ќе дојде до неа. Ама работите не се движат по посакуваниот тек. Уште во 15. минута, Ханче Олсен донесе 0-1 за Мајнц, а потоа, откако Але промаши пенал за израмнување, казни Онисиво кој во 24. минута реализира за 0-2.
Голот за 0-1:
Промашениот пенал:
Голот за 0-2:
На целиот резултат се радува Баерн Минхен, кој има предност со „јарците“ и ако победат, ќе ја продолжат доминацијата во Бундеслигата.