• Саше Љолес
Борусија Дортмунд ја оствари целта и обезбеди пласман во Лигата на шампионите откако славеше со убедливи 3-0 над Холштајн Кил во последното бундеслигашко коло.
- Борусија Дортмунд - Холштајн Кил 3-0:
На „милионерите“ им одеше во прилог и поразот на Фрајбург од Ајнтрахт Франкфурт, кој славеше на гостински терен со коненчни 1-3, па така заедно со Баерн Минхен и Баер Леверкузен се екипите кои догодина ќе ги гледаме во елитниот ранг на УЕФА.
Дортмунд го запечати денешниот триумф со головите на Гираси, Сабицер и Нмеча, со што донесе огромна радост за навивачите кои беа презадоволни од изданието на своите миленици.
- Фрајбург - Ајнтрахт Франкфурт 1-3:
Фрајбург обезбеди учество во Лига Европа, а во Конференциската лига ќе се натпреварува хитот во оваа сезона, екипата на Мајнц 05, која ремизираше со Баер Леверкузен (2-2). Шампионот Баерн Минхен немаше проблеми на гостувањето кај Хофенхајм (0-4).
- Хофенхајм - Баерн Минхен 0-4:
Во битката за опстанок, сите екипи загубија, ама се спасија Хофенхајм и Сент Паули. Во баражот патува Хајденхајм, додека испаѓаат Холјштајн Кил и Бохум.