Дортмунд се ослободи од играчот кој ја „лажираше“ годината на раѓање

Управата на Борусија Дортмунд се ослободи од напаѓачот Јусуфа Мукоко, кој минатата година беше во центарот на скандал околу неговиот извод на родени, лажирајќи ја неговата вистинска возраст. 

Мукоко најпрво беше испратен на позајмица во француската Ница, каде постигна само два гола, а сега се сели во екипата на Копенхаген, која важи за еден од најголемите дански гиганти. Договорот е со важност до 2030 година. 

Германскиот „Билд“ уште минатата година објави документи со кои се потврдува дека играчот е четири години постар од тоа што е напишано на изводот. Неговиот татко потврди дека Мукоко не е негов биолошки син, односно дека е роден во друго семејство. 

ФОТО/PHOTO: Bundesliga