ВИДЕО: Дортмунд се мачеше со Сент Паули и победи со голот на Џан во 95. минута!

Екипата на Борусија Дортмунд многу потешко од очекуваното ја оправда фаворитската улога и славеше со конечни 3-2 (1-0) против Сент Паули во натпреварот од осумнаесеттото коло во германската Бундеслига

  • Извештај од натпреварот:

„Милионерите“ имаа повеќе од играта и делуваше дека се близу до победата откако имаа комотни 2-0, но така не мислеа гостите кои успеаја да се вратат во егал-ситуација. 

Јулијан Брандт и Карим Адејеми биеја за домаќините, а Сент Паули се врати со погодоците на Џејмс Сандс и Рики-Џејд Џонс, кои биеја прецизно во 62. и 72. минута. Дортмунд не се предаде, тргна во масовна офанзива на крајот од мечот, а наградата дојде во самиот финиш кога се избори за пенал, кој потоа прецизно го реализираше искусниот Емре Џан. Овој погодок беше регистриран дури во 95. минута од натпреварот. 

За Дортмунд ова е единаесетта победа сезонава, додека Сент Паули има исто толку порази, со кои сега е прирвремено „фенерџија“ на табелата во Бундеслигата. 

Келн се избори за домашна победа над Мајнц со 2-1, Хофенхајм минимално го порази Баер Леверкузен (1-0), а бодовите ги поделија Волфсбург и Хајденхајм, кои ремизираа со конечни 1-1. Реми беше видено и на мечот меѓу Хамбургер и Борусија Менхенгладбах, но таму мечот заврши со најнепопуларните 0-0.