• Саше Љолес

Управата на Борусија Дортмунд е разочарана од резултатите на тимот и се подготвува за отпуштање на тренерот Нури Шахин, јавија германските медиуми.
„Милиониерите“ влегоа во лоша серија, забележаа два порази по ред во Бундеслигата и паднаа на десеттото место, нешто што го вклучи алармот кај челниците лица во клубот. Дополнителен проблем за Шахин е и тоа што неколку играчи го кренале гласот против него, што веројатно значи дека полека ја губи соблекувалната.
Неговиот наследник би требало да биде соопштен до почетокот на следната недела, веднаш откако ќе биде објавен прекинот на соработката. Дортмунд сезонава досега победи седум пати, четири пати ремизираше, но забележа дури шест порази.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.