• Горан Упале
Непријатни сцени го одбележаа натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Виљареал во Лигата на шампионите, откако грчкиот репрезентативец Константинос Карекас се сруши на теренот во 27. минута.
На младиот фудбалер му се слошило, по што веднаш реагирала медицинската екипа. Карекас имал проблеми со дишењето и циркулацијата, па со носилка бил изнесен од теренот, додека фудбалерите и публиката го испратија со аплауз.
Од Борусија Дортмунд потврдија дека Карекас имал проблеми со циркулацијата, а дополнителни информации ќе има по лекарските прегледи.
Ова е уште еден удар за Дортмунд со грчки фудбалер, откако Јанис Константелиjас неодамна заработи тешка повреда поради која ќе паузира до крајот на сезоната.








