• Саше Љолес
Екипата на Борусија Дортмунд не успеа да го надигра Фрајбург (1-1) и се враќа со еден освоен бод од натпреварот одигран во рамки на четиринаесеттото бундеслигашко коло.
- Извештај од натпреварот:
„Милионерите“ водеа по првото полувреме со голот на Рами Бенсебаини, кој биеше прецизно во 31. минута, но домаќинот возврати во вториот дел преку Лукас Холер, кој ги постави конечните 1-1 во 75. минута.
Фрајбург може да жали што не го освои и целиот плен, затоа што имаше играч повеќе и му беше поништен уште еден гол поради офсајд-ситуација. Дортмунд притисна во самиот финиш, но без особен успех. Гостинскиот тим беше со десетмина на теренот откако црвен картон доби Англичанецот Џоб Белингем во 53. минута.
Со ова реми, „милионерите“ имаат 29 бодови, исто колку и РБ Лајпциг, додека Фрајбург стигна до 17 бода, доволни за деветтата позиција на табелата.








