ВИДЕО: Дортмунд му направи услуга на Леверкузен, „фармацевтите“ слават ЛШ

Екипата на Баер Леверкузен е последниот патник во Лигата на шампионите од германската Бундеслига, затоа што во рамки на последното коло „фармацевтите“ славеа над Херта Берлин и воедно ја добија потребната услуга од Борусија Дортмунд.

Неизвесно беше кој тим ќе игра во Лигата на шампионите како четвртопласиран, а по разврската во последното коло, тоа е Баер Леверкузен. Во игра за четвртото место беше и Борусија Менхенгладбах, но Борусија Дортмунд си ја заврши задачата и го победи ривалот, па Баер Леверкузен со три бода го фати последниот воз за Лигата на шампионите.

Во голеадата во Берлин, за Леверкузен погодија Аларио, кој реализира хет-трик, како и Хаверц и Брандт, а единствениот гол за домашните го даде Лазаро.

  • Извештај од натпреварот: 

Борусија Дортмунд како гостин кај Менхенгладбах забележа пирова победа (0-2), со погодоците на Санчо и Ројс, затоа што Баерн Минхен не дозволи кикс и ја одбрани титулата во Бундеслигата.

На останатите натпревари, Дизелдорф со 2-1 славеше над Хановер, Фрајбург со 5-1 беше подобар од Нирнберг, Мајнц со 4-2 го доби Хофенхајм, а Волфсбург покажа моќ и му даде осум гола на Аугсбург (8-1). Единствениот меч без голови беше дуелот на Шалке 04 и Штутгарт.