• Саше Љолес

Германската Бундеслига би можела следната сезона да има шест претставници во елитниот ранг на УЕФА. Тоа ќе зависи од финалистот во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд, која ќе мора да го совлада Реал Мадрид за да обезбеди место за уште еден клуб во најквалитетното натпреварување.
На оваа разврска се надева екипата на Ајнтрахт Франкфурт, која ја комплетираше сезоната на шестото место и си обезбеди пласман во групната фаза од Лига Европа, но ако Дортмунд направи мало чудо и ги совлада „кралевите“, тогаш Франкфурт ќе добие вистински „џек-пот“ и ќе игра елитен европски фудбал догодина.
Излез во евро-куповите осигура и екипата на Хофенхајм, која заврши како седмопласирана и следната сезона ќе се натпреварува во Конференциската лига.