• Саше Љолес
Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд ја продолжува „традицијата“ со семејството Белингем и успеа да го привлече во своите редови помладиот брат на Џуд Белингем, Џоб, кој досега настапуваше за англискиот Сандерленд.
Помладиот Белингем одигра солидна сезона во Чемпионшип и му помогна на тимот да се пласира во Премиер лигата, бележејќи учинок од три гола и четири асистенции.
За неговите услуги силно се интересираа уште РБ Лајпциг и Ајнтрахт Франкфурт, но Белингем одлучи да тргне по стапките на својот брат, кој токму преку Дортмунд стигна до најголемиот трансфер во кариерата и потпиша за славниот Реал Мадрид.
Дополнителен фактор е што германскиот клуб му претставил одличен проект за развој на неговиот талент, кој бил лично презентиран од извршниот директор на „милионерите“, Ларс Рикен.