• Саше Љолес
Борусија Дортмунд не се откажува од трката за пласман во Лигата на шампионите и извојува огромна победа кај Баер Леверкузен со конечни 2-4 (1-2) во натпреварот од 33. коло на Бундеслигата.
- Извештај од натпреаврот:
„Милионерите“ го расипаа збогувањето на Чаби Алонсо со навивачите на Леверкузен, за кого ова беше последен меч на домашен терен сезонава. Гостите во првиот дел стрелаа преку Бранд и Раерсон, а во вторите 45 минути во листата на стрелците се запишаа Серху Гираси и Карим Адејеми.
Баер Леверкузен прв го отвори резултатот со подогокот на Џереми Фримпонг, но потоа Дортмунд режираше голем пресврт и сосема заслужено ги освои трите бода со кои се враќа на петтата позиција на табелата. На самиот крај домаќинот успеа да го ублажи ударот со голот на Јонас Хофман, кој ги постави конечните 2-4.
Во моментов „милионерите“ се на место кое води во Лига Европа, но во последното коло ќе се борат за искачување една позиција погоре и пласман во елитниот ранг на УЕФА. Дортмунд ќе биде голем фаворит на домашен терен против Холштајн Кил, но конечниот епилог најмногу ќе зависи и од резултатите на Фрајбург.