ВИДЕО: Дортмунд го сврте мечот со Штутгарт и најави борба за ЛШ

Борусија Дортмунд не се предава и ќе се бори за Лигата на шампионите се додека постои шанса. „Милионерите“ дојдоа до важна пресврт-победа над Штутгарт (2-3) и останаа на „минус седум“ од местото кое води во фудбалската елита.

  • Извештај од натпреварот:

Домаќинот водеше по првото полувреме, но во вториот дел не успеа да се одбрани од налетите на фаворитот на хартија. Штутгарт имаше предност од 17. минута со голот на Калајџиќ, за во пет минути во вториот дел, да стрелаат Белингам и Ројс, за пресврт на Дортмунд (1-2).

Во 78. минута Дидави добро се снајде и изедначи на 2-2, но посакуваната победа на Дортмунд ја задржа Кнауф само две минути подоцна. На овој дуел шанса доби и македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов кој ги одигра последните пет минути од средбата.

Дортмунд во следното коло е домаќин на Вердер, додека Штутгарт гостува кај Унион Берлин.