ВИДЕО: Дортмунд го реши Лајпциг, остана „жив“ за ЛШ и го направи Баерн првак!

Екипата на Борусија Дормунд забележа огромна победа, на домашен терен во драматичен натпревар славеше над РБ Лајпциг (3-2), со што остана во игра за ЛШ и воедно ги разреши дилемите - Баерн Минхен е старо-нов првак на Германија.

  • Дортмунд - РБ Лајпциг 3-2:

На две кола пред крајот „милионерите“ ја врзаа петтата победа во серија и скокнаа на четвртото место, па сега притисокот е префрлен кон Ајнтрахт Франкфурт, кој мора да го добие мечот ова коло за да се врати на старата позиција. Баерн Минхен, пак, без притисок го чека мечот со Менхенгладбах, затоа што деветти пат по ред е шампион во Бундеслигата.

Во првиот дел, во 7. минута, водство за Дортмунд донесе Марко Ројс, а по паузата, Санчо зголеми на 2-0. РБ Лајпциг не се предаде, преку Клостерман и Олмо изедначи на 2-2, ама на три минути пред крајот, Санчо со својот втор гол ги донесе златните три бода за домашниот тим на „Сигнал Идуна Парк“.

  • Хофенхајм - Шалке 04 4-2:

Хофенхајм на домашен терен со пресврт го совлада веќе испаднатиот Шалке 04 (4-2). Иако по првиот дел домашните губеа со 0-2 затоа што Ут и Мустафи ја стресоа мрежата, сепак, во вториот дел, Андреј Крамариќ експлодира, па со гол и уште две асистенции до Акпгума и Баумгатер го најави пресвртот. Точка стави Бебу, за конечни 4-2.

  • Волфзбург - Унион Берлин 3-0: 

Волфсбург беше подобар од Унион Берлин (3-0), хет-трик постигна хрватскиот фудбалер Јосип Брекало и тимот се зацементира на третото место, додека мечот меѓу Вердер Бремен и Баер Леверкузен заврши без голови.