ВИДЕО: Дортмунд го „потопи“ Келн и скокна на врвот во Бундеслигата

Фудбалерите на Борусија Дортмунд го пречекаа тимот на Келн во Бундеслигата и беа повеќе од убедливи на својот „Сигнал Идуна Парк“ со резултат 6-1 (4-1).

„Милионерите“ прекрасно го отворија натпреварот, постигнаа четири голови уште во првото полувреме и рано ја најавија убедливата победа против ривалот кој немаше одговор на маестралната игра на домаќинот. 

Првиот погодок беше дело на Гереиро во 15. минута, а во периодот до 36. минута во листата на стрелците се запишаа уште Але, Ројс и Мален. Гостинскиот тим на Келн до крајот на полувремето успеа само да ја ублажи предноста на домаќините преку голот на Селке во 42. минута од дуелот.

Во второто полувреме во листата на стрелците за Дортмунд се запишаа Але и Ројс кои вторпат тресеа мрежа на овој натпревар, за конечни 6-1 и тотален дебакл на „јарците“ на гостувањето кај еден од тимовите кои се бори за титулата.

  • Извештај од натпреварот:

Борусија Дортмунд го презеде врвот, но само привремено. Баерн Минхен чека на мечот со Баер Леверкузен, утре попладне и е огромен фаворит. Со победа тимот на Нагелсман ќе се врати самостојно на врвот. 

Состави

Steffen Baumgart

4-4-2