• Саше Љолес
Иако беше најавено дека управата на Борусија Дортмунд ќе му понуди нов договор на тренерот Нико Ковач, сепак, информациите од Англија велат дека за неговите услуги постои огромен интерес од еден истакнат премиерлигаш.
Познато е дека Анге Постекоглу најверојатно ќе добие отказ од Тотенхем по истекот на сезоната, а претседателот Даниел Леви го посочил токму Ковач како негова евентуална замена.
Според неколку англиски медиуми, „петлите“ од Лондон се подготвени да му дадат плата од седум милиони евра годишно и тригодишен договор на Хрватот кој забележа добри резултати откако го презема Дортмунд, па останува само неговото решение околу новиот предизвик во кариерата.
Ковач ја започна тренерската кариера во хрватската репрезентација, а на клупски план ги водеше Ајнтрахт Франкфурт, Баерн Минхен, Монако и Волфсбург.