• Мартин Танасковски
Екипата на Борусија Дортмунд го потврди ангажманот на Нури Шахин за нов тренер. 35-годишниот стратег потпиша тригодишен договор со „милионерите“.
По заминувањето на Един Терзиќ од тренерското место, Дортмунд реагира веднаш и постигна договор со Шахин да ја добие довербата. Поранешниот турски репрезентативец ќе има за цел да конкурира за врвот на Бундеслигата следната сезона.
За Шахин ова ќе биде втор тренерски ангажман, а е седми стратег на клубот по заминувањето на Клоп во 2015 година.
Турчинот го водеше тимот на Анталијаспор од 2021 до 2023 година, па се врати во Дортмунд каде ја имаше улогата на асистент.