Доривал Жуниор го објави списокот, Нејмар против Меси во мундијалските квалификации!

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Доривал Жуниор, го објави списокот на повикани играчи за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство. 

На списокот има и една „бомба“, во тимот се враќа суперѕвездата Нејмар, кој можно е да заигра после 17-месечно отсуство, а први предвоници сигурно ќе бидат Винициус Жуниор, Родриго и Рафиња

„Кариоките“ ќе се сретнат со Колумбија и Аргентина, а во мечот со „гаучосите“ повторно би можеле да се сретнат Нејмар и Лионел Меси. Бразил има 18 бода, Колумбија има еден повеќе (19 има и Еквадор), а лидер е Аргентина со 25 бодови на табелата.