Доривал Жуниор бргу пронајде ангажман и презеде славен бразилски клуб

Доскорешниот селектор на бразилската репрезентација, Доривал Жуниор, бргу пронајде нов ангажман во кариерата и го презема славниот домашен клуб, Коринтијанс. 

Шеесетитригодишниот стручњак потпиша договор со важност до следното лето, а најпрво ќе има задача да ги подобри резултатите на тимот кој лошо ја започна новата сезона и има скор од две победи, едно реми и три порази. 

На клупата ќе го замени Аргентинецот Рамон Дијаз, кој заработи отказ поради неуспешната резултатска низа. Доривал Жуниор важи за еден од најискусните тренери во Бразил. Претходно предводеше многу клубови, меѓу кои се Флуминенсе, Крузеиро, Васко Де Гама, Сантос, Сао Паоло и Фламенго.