• Мартин Танасковски

Шкендија се подготвува за последниот меч од есенскиот дел во мак-фудбалот. Тетовчани играат со Македонија ЃП, а најдобриот играч Љупчо Дориев верува во триумф над „лавовите“ за успешен крај.
„Сакаме да ја завршиме годината со победа и мислите ни се позитивни пред гостувањето во Скопје. На паузата ќе имаме шанса да направиме анализа до каде сме. Од прикажаното досега имавме добри европски настапи, а потоа можеби заморот не стигна и се мачевме да се кренеме. Сепак, успеавме и изградивме добра серија на резултати. Цврсто верувам дека резултатите не го покажуваат потенцијалот на Шкендија. Но, што е тука е, не можеме да гледаме назад“, изјави Дориев.
Натпреварот меѓу Македонија ЃП и Шкендија се игра в недела од 13:00 часот.