Дориев отпадна, Ангеловски го повика Османовски за Норвешка

Селекторот Игор Ангеловски повика уште еден нов фудбалер за натпреварот против Норвешка. Ново име во А-тимот е Анес Османовски од германски Унтерахинг, член на У18 репрезентацијата.

„Отпаднаа Ѓорѓев и Дориев, Муслиу и Ристевски имаат повреди. Степенот не може да кажеме дали ќе можат или не. Ќе ја следиме состојбата, ако може да настапат ќе бидат дел, ако не ќе настапат. Несторовски е ослободен по барање на Палермо. Од тие причини го повикав Кире Маркоски, а исто така повикан е и Османовски од Унтерахинг, член на У18-репрезентацијата. Со ова се продолжува трендот на повикување на млади фудбалери“, изјави Ангеловски.

Македонија е драстично подмладена под водство на Ангеловски, а селекторот со оваа тактика вели дека се гради тим за наредните квалификациски циклуси.