ВИДЕО: Дориан Бабунски стрела на дебито за Нирегихаза

Нирегихаза одигра нерешени 1-1 против Локомотива Загреб за време на подготовките во Словенија

Дориан Бабунски го имаше своето деби во новиот клуб, откако вчера потпиша договор со Унгарците. На својот премиерен настап македонскиот фудбалер влезе во игра во второто полувреме и го постигна својот прв погодок во дресот на Нирегихаза. 

Со голот на Бабунски неговиот нов клуб го израмни резултатот (1-1) и стигна до реми на крајот. 

Македонскиот фудбалер потекнува од школата на Реал Мадрид, потоа играше за Фуенлабрада, Олимпија, Радомље, Мачида, Кагошима, Ботев Враца, Дебрецен, Грасхоперс и Сепси.