• Мартин Танасковски
Македонскиот интернационалец Дориан Бабунски успеа да постигне гол во Унгарија во победата на неговиот клуб Њиреѓхаза Спараткус над ЗТЕ (2-1).
Центарфорот го скрши мразот во Унгарија по точно шест месеци, откако последниот гол пред овој го постигна на 26 септември. Бабунски ја потврди победата во 82. минута од натпреварот во шампионатот.
На овој дуел настапи и уште еден македонски интернационалец, тоа е Ване Јованов, кој исто така игра за Њиреѓхаза Спараткус. И тој и Бабунски влегоа од клупата во второто полувреме.
За Бабунски ова беше прв натпревар со поголема минутажа во 2026 година. Одигра 25 минути. Претходната година играше на секој натпревар, но оваа повеќе беше на клупата за резерви или добиваше неколку минути.


