• Мартин Танасковски

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дориан Бабунски, ќе менува средина затоа што го напушти јапонскиот клуб Мачида.
Бабунски, кој има 23 години, беше во овој клуб од 2017 година, но дојде време за разделба. Засега, не е познато дали тој и понатаму ќе остане во „земјата на изгрејсонцето“, или пак ќе се врати да игра фудбал во Европа.
Мачида обебеди опстанок во јапонската „Џеј-2“ лига, нешто што беше цел и претходно.
Покрај за овој клуб, Дориан Бабунски играше и за Кагошима Јунајтед каде беше позајмен, додека во Европа го носеше дресот на Радомље, Олимпија Љубљана, Фуенлабрада, Реал Мадрид.