• Зоран Мишевски
Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски се наоѓа пред трансфер во Швајцарија. Фудбалерот на Дебрецен преговара со швајцарскиот прволигаш Грасхоперс и трансферот треба да биде реализиран до петок.
Македонскиот голгетер минатата сезона постигна тринаесет погодоци, а и сезонава игра забележителна улога. Грасхоперс по првите пет кола од швајцарското првенство освои само четири бода, постигнувајќи вкупно шест погодоци.
26-годишниот Бабунски во унгарскиот прволигаш доjјде од редовите на Ботев Враца, каде што имаше фантастична полусезона, запишувајќи десет гола и три асистенции на 18 натпревари.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.