Дориан Бабунски по два месеци повторно тренира со Грасхоперс

Македонскиот центарфор Дориан Бабунски ја надмина повредата и се врати на тренинзите на швајцарски Грасхоперс.

27-годишниот напаѓач пред крајот на август соопшти дека има повреда и дека ќе мора да направи принудна пауза. Но, по два месеци за него таа е минато и повторно е дел од екипата. Ќе конкурира за настап на следните натпревари.

Бабунски последен пат во ростерот на Грасхоперс се најде во средината на месец август, а последниот меч му беше против Регенсдорф во Купот на Швајцарија каде се запиша во листата на стрелците.