Дориан Бабунски официјално е нов член на Ботев Враца

Некогашниот македонски репрезентативец Дориан Бабунски брзо најде нов клуб по заминувањето во Јапонија и по долго време се врати во Европа.

24-годишниот напаѓач ќе игра за бугарски Ботев Враца. Бабунски се најде во составот на тест-мечот против ЦСКА Софија, а неколку дена подоцна ги медицинските прегледи и стави потпис на договорот.

Бабунски ќе биде на располагање на тренерот веќе на следната средба, затоа што неговиот поранешен клуб од Јапонија, екипата на Мачида, ја испратила целосната документација за играчот во најбрз можен рок.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија последен пат играше за Мачида, а исто така беше дел и од јапонска Кагошима, словенечки Радомље и Олимпија Љубљана, Фуенлабрада и младинските категории на Реал Мадрид.