Дориан Бабунски ќе ја дели соблекувалната со Алими во Романија

Повремениот македонски репрезентативец Дориан Бабунски ќе ја продолжи кариерата во романското првенство. 

28-годишниот напаѓач стави потпис на договор со романски Сепси. Двете страни договорија соработка од две ипол години, а во клубот Бабунски доаѓа од редовите на швајцарски Грасхоперс. Во Сепси македонскиот офанзивец ќе ја дели соблекувалната со уште еден наш репрезентативец, Исник Алими кој веќе година ипол настапува за овој клуб. 

Дориан Бабунски во кариерата промени доста клубови. Тој тргна преку младинската школа на Реал Мадрид и стигна до У19 тимот. Потоа преку Фуенлабрада дојде во словенечките Олимпија и Радомље, а имаше и авантури во Јапонија. Во 2017 година се пресели во Мачида Зелвиа, па играше како позајмен во Кагошима, за во 2021 да се врати во Европа и да заигра за Ботев Враца. Следеше трансфер во Дебрецен, а од август 2023 беше дел од Грасхоперс.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.