Дориан Бабунски има нов клуб, ќе игра во Бугарија

Некогашниот македонски репрезентативец Дориан Бабунски брзо најде нов клуб по заминувањето во Јапонија и по долго време се врати во Европа.

24-годишниот напаѓач ќе игра за бугарски Ботев Враца. Бабунски ќе се најде во составот на тест-мечот против ЦСКА Софија, а идната седмица ќе ги мине медицинските прегледи и ќе стави потпис на договорот.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија последен пат играше за Мачида, а исто така беше дел и од јапонска Кагошима, словенечки Радомље и Олимпија Љубљана, Фуенлабрада и младинските категории на Реал Мадрид.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.