Дориан Бабунски го спаси Ботев Враца и доби нов договор

Македонскиот напаѓач Дориан Бабунски ќе остане во бугарски Ботев Враца и следната сезона, по добрите партии во финишот од сезоната со кои на неговиот тим му донесе опстанок во бугарската елита.

Ботев беше на работ да испадне директно, меѓутоа Бабунски со два гола донесе две победи и го однесе тимот во бараж-зоната, каде подоцна, екипата беше подобра од Септември Софија.

Дориан Бабунски по крајот на сезоната се согласи на нова соработка со Ботев, иако за него постоело интерес од други клубови од странство. 

24-годишниот напаѓач пристигна во Ботев во 2021 година од Јапонија каде играше за Кагошима и Мачида. Претходно, тој беше дел и од словенечки Радомље, Олимпија Љубљана, шпанска Фуенлабрада и младинскиот погон на Реал Мадрид.