Дориан Бабунски е играч на сезоната во Дебрецен

Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски доби големо признание во Унгарија каде го носи дресот на Дебрецен.

26-годишниот напаѓач игра за унгарскиот тим од 2023 година и оваа сезона покажа завидни партии. Дебрецен обезбеди пласман во еврокуповите како третопласиран, а Бабунски имаше клучна улога во последните кола.

Центарфорот заврши со 13 постигнати гола и четири асистенции на 30 натпревари. Посебно блесна во дуелот со најдобриот клуб од Унгарија, тоа е Ференцварош, на кого му даде два гола, за важни три бода за Дебрецен.

Поради добрите партии, Бабунски е избран за играч на сезоната во Дебрецен.