• Мартин Танасковски
Македонскиот напаѓач Дориан Бабунски е јунак на Дебрецен кој успеа во унгарскиот шампионат да ја забележи првата победа сезонава.
И тоа не против било кого, туку против МОЛ Фехервар, против кого Дебрецен славеше на домашен терен со 1-0 (1-0). Човек на одлука беше Бабунски, кој успеа да погоди пред финишот на првото полувреме за значајни три бода.
Дориан Бабунски беше до 70 минута на теренот за Дебрецен. Неговиот брат Давид Бабунски не беше во протоколот на унгарската екипа.