Допинг-скандал во Бразил: Ѕвездата на Фламенго доби двегодишна суспензија

По „случајот Погба“, уште едно познато име има сериозни проблеми со допингот и го чека долга пауза од фудбалските терени.  Габриел Барбоса, познат како Габигол, се соочува со двегодишна забрана за мамење на антидопинг тест, што значи дека ќе паузира до пролетта 2025 година.

Напаѓачот беше обвинет за прекршување на процедурата и обид за измама и на вчерашното судење беше одлучено напаѓачот на Фламенго да започне со издржување на казната на 8 април. 

За време на тестирањето, Габигол се однесувал непрофесионално, ги игнорирал службениците на антидопинг агенцијата и не ги почитувал пропишаните процедури. Обидот за мамење за време на тестот беше основа за суспензија од четири години, но на крајот тој беше осуден на двегодишна казна. Пресудата се заснова на сведочењето на биохемичар кој го објаснил процесот на антидопинг тестирање, нагласувајќи дека гестот на Габигол бил оценет како измама или обид за измама.

Оваа суспензија ќе го оддалечи Габигол од терените во екот на кариерата и почека до 2025 година за да се врати на терените.