Донарума: Зошто ме „убивте“, не направив ништо против Милан

Еден од најталентираните голмани на светот Џанлуиџи Донарума е мета на бројни навреди од навивачите на Милан, кои се наоѓаат на ЕП во Полска, а се поизвесно е дека наредната сезона младиот чувар ќе ја помине на трибините.

Но, Донарума е незадоволен од ваквиот развој на настаните и потенцира дека и покрај тоа што не го продолжил договорот со „росонерите“ (истекува наредното лето), ниту еднаш не изјавил дека сака да го напушти тимот од „Сан Сиро“.

„Ништо лошо не сум направил. Никогаш јавно не кажав дека сакам да го напуштам Милан. Зошто едноставно ме „убивте“?“, изјави за италијанските медиуми, Донанрума.

Каде ќе заврши Донарума и дали се точни шпекулациите кои ги пренесоа шпанските медиуми за наводен договор помеѓу „кралскиот клуб“ и младиот голман, останува да се разјасни во следниот период.