Донарума: Сонувам да ја освојам Лигата на шампионите со ПСЖ!

Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума беше голем оптимист во својата последна изјава. Тој зборуваше за транзицијата од Милано во Париз, нагласи дека веќе е добро сместен и се чувствува среќно. 

Меѓу другото, ги откри и своите лични амбиции и сониште со „светците“.

„Среќен сум во Париз, добро се сместив и навикнав особено откако ми се роди син. Се чувствувам дека сум лидер на ПСЖ. Сонувам да ја освојам Лигата на шампионите со овој клуб. Сепак, не смееме да си дозволиме тоа многу да ни „тежи“. И во Франција нема да биде лесна сезоната. 

Откако ја напуштив Италија станав предмет на многу критики. На почетокот ме нервираше, но знам како функционира фудбалот. Морав да се затворам во себе и да не се осврнувам на околината“, изјави Донарума.

ПСЖ е лидер во Лига 1 пред Монако, додека во Лигата на шампионите не котираат многу добро и се на победа, пораз и реми со четири освоени бода.