Донарума се сели во Англија и станува најплатен на сите времиња?

Донарума

Џануиџи Донарума важи за еден од најдобрите голмани на денешницата. Неговиот договор со Милан завршува на крајот од тековната сезона, а клубот засега не направи ништо за да ја продолжи соработката.

Според последните информации од Италија, младиот италијански чувар на мрежата е блиску до преселба на „Олд Трафорд“. Наводно Манчестер Јунајтед му понудил прифатливи лични услови и е подготвен да го доведе во своите редови.

Ако се оствари овој трансфер, Донарума ќе стане најплатен голман во историјата. Сомнежите околу формата на Давид Де Хеа го натераа раководството на „црвените ѓаволи“ да го направи овој чекор.

Во дербито со Интер, 21-годишникот стана најмладиот играч кој запишал 200 настапи во италијанска Серија А.