„Дон Карло“ сруши рекорд во Реал Мадрид стар педесет години!

Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти стана најтрофејниот тренер во историјата на Реал Мадрид, откако го предводеше својот тим до победата над Пачука во финалето на Интерконтиненталниот Куп.

Ова беше негов рекорден петнаесетти трофеј на клупата на „кралскиот клуб“, со што го престигна досегашниот рекордер Мигел Муњоз, кој својата ера ја заврши во 1974 година со четиринаесет освоени титули.

Историскиот момент доаѓа само неколку дена откако Анчелоти беше прогласен за тренер на годината од ФИФА, дополнително зацврстувајќи го својот статус како еден од најголемите во историјата на фудбалот.

Во текот на двата мандата на клупата на Реал Мадрид, Карло Анчелоти освои апсолутно сè што може да се освои.